СДСМ: Транспортот е меѓу првите гранки кои се опфатени од мерките на Владата, лагите и бесрамноста на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат и во време на здравствена криза

Од:

Од СДСМ реагираат на денешната прес-конференција на Владимир Нелоски од ВМРО ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува бесрамно да изнесува лаги и невистини пред јавноста во време кога сите се соочуваме со најголемата здравствена и економска криза воопшто.

Ако во белиот дворец не знаат, токму гранките транспорт, угостителство и туризам како најпогодени, први се опфатени во мерките кои ги донесе Владата и веќе се реализираат.

Од 254 компании на кои им се одобрени бескаматни кредити во првите две групи, 118 се токму од дејноста на транспортот.

За овие 118 компании се одобрени бескаматни кредити во износ од над 1 милион евра, а бројот на вработени во тие компании е над 1260 лица.

Во меѓувреме, аплицирањето за помош продолжува и очекувањата се дека ќе има уште компании корисници кои ќе ја искористат можноста која ја нуди оваа мерка.

Покрај помошта на компаниите преку Развојната банка, има и многу други мерки кои во зависност од тоа која категорија се и нивните претрпени штети исполнуваат услови за други начини на помош.

Никој не е изоставен и заборавен од Владата во оваа криза. Во носењето на мерките за справување со коронавирусот и кризата која ја предизвика, особено внимание се посветува пред сè на најзагрозените, но и на сите други кои имаат последици и штети.

ВМРО-ДПМНЕ само продолжува да докажува дека и во време на криза наместо да биде на страната на граѓаните, само предизвикува штетни последици по нив, обидувајќи се да собере ситни политички поени во време кога сите се борат против последиците од кризата со коронавирусот“, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати