МЗ: Хроничните пациенти со ревматски заболувања да бидат во домашна самоизолација

Од:

Хроничните пациенти со ревматски заболувања спаѓаат во групата на високоризични пациенти и поради тоа треба да бидат во домашна самоизолација, а при контакт со други лица да ги преземат препорачаните заштитни мерки и да носат заштитна маска и ракавици, соопшти денеска Министерството за здравство.

Како што се наведува во соопштението на Министерството, станува збор за пациенти со некротизирачки васкулопатии, системски еритемски лупус, дерматомиозитис, системска склероза, како и пациенти третирани со биолошка или комбинирана имуномодулаторна терапија.

-Во услови на пандемија со коронавирусот, хроничните пациенти со ревматски заболувања спаѓаат во групата на високоризични пациенти. Поради високиот ризик, овие пациенти треба да бидат во домашна самоизолација, а при контакт со други лица да ги преземат препорачаните заштитни мерки и да носат заштитна маска и ракавици, информира Министерството за здравство.

Во однос на здравствената сотојба на основното ревматско заболување, на овие пациенти Министерството за здравство им препорачува да консултираат матичен лекар и специјалист ревматолог кој им ја следи состојбата.

-За сите потребни стручни консултации, пациентите како и нивните матични лекари може да се обратат на Клиниката за ревматологија на контакт телефонот:  02 3 147 110 и на мејл дресата [email protected]. На оваа мејл адреса матичните лекари можат да испраќаат и резултати од извршени анализи и испитувања на пациентите за дополнителна консултација со Клиниката. Тие ќе бидат разгледани од страна на специјалист ревматолог и доколку е потребно ќе биде дадена соодветна дополнителна препорака, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците