Крадци ја однесоа портата од вилата Билјана во Охрид

Од:

Од влезот во резиденцијалниот комплекс во Горица каде што се наоѓаат државни вили, меѓу кои и вилата “Билјана” на претседателот на државата, украдена е една од вратите. Таа е тешка неколку стотини килограми, па се претпоставува дека во нејзиното крадење учествувале повеќе лица и дека користеле и соодветна опрема.

Овој влез води кон вилата “Билјана”, резиденцијален објект на претседателот на државата, кон вилата на МВР и други вили на државната администрација. На вратата има две стражарски куќички, но тие одамна не се користат, а беа наменети за сместување на полициски чувари.

porta biljana (2)

Тука имаше стражари во времињата кога во Охрид доаѓаа високи државни личности од сојузен ранг, странски делегации или кога во “Билјана” и блиските хотели се одржуваа значајни собири на државно ниво.

Инаку поратата од ковано железо е дел од историјата на Охрид. По паметење на охриѓани портата била донесена од Дедиње, Србија, за потребите на Вилата на Тито во Охрид.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид