Најпродаван модел на автомобил во 2012 година беше „Форд Фокус“, соопшти управата на компанијата „Форд“, имајќи ја предвид листата што ја состави маркетиншката агенција „Полк“.
Минатата године моделот „Форд Фокус“ е продаден во 1.020.410 примероци, и тоа благодарение на големата побарувачка во Кина, каде тој беше пласиран на пазарот во март, но и на минатогодишниот раст во продажбата од 40 отсто во САД, пренесе ДПА.
Втор најпродаван модел е „Тојота Корола“ , додека на трето место се најде уште еден модел на „Форд“, овој пат од пикап серијата „Ф“.
„Форд Фиеста“ е најпродаван автомобил за градско возење.
Продажбата на автомобили минатата година беше повеќекратно зголемена во однос на 2009 година кога автоиндустријата имаше најлоши резултати уште од Втората светска војна.