Велика Британија: За социјална помош, 1,4 милиони нови молби

Од:

Властите во Велика Британија добиле околу 1,4 милиони нови молби за исплаќање социјална помош, речиси седумпати повеќе од нормалното ниво. Тоа се случува откако премиерот Борис Џонсон ги повика луѓето пред еден месец да останат дома поради пандемијата со новиот коронавирус.

– Сега молбите се околу 1,4 милиони, рече министерката за труд и пензии, Териз Кофи.

Исплатите се за помош за луѓе со ниски приходи, кои работат помалку часови, како и за лица кои загубиле работно место. Владата се обидува да обезбеди 80 отсто од платите на службениците кои времено се ослободени од работа и да ги зголеми социјалната помош за останатите кои се без работа.

Според аналитичари, Лондон се насочува кон најголемиот економски пад во изминатите 100 години. Минатата недела Владата објави дека луѓето кои поднеле молби за социјална помош до 16 март биле 1,2 милиони.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство