По претставувањето на Renault Clio со нетрпение на пазарот се очекува неговата лута изведба RS која веќе беше прикажана минатата година на салонот на автомобили во Париз.
Сега е најавен Renault Clio RS Gordini кој ќе биде најмоќната сериска изведба во историјата на моделот и под хауба ќе пакува сериозни 220 КС.
Моќноста доаѓа од турбото од 1.6 литри кое во Clio RS остварува 200 КС.
Погонот е напред преку шест степениот роботизиран менувач EDC, но по желба ќе се нуди и шест степен рачен менувач, кој во Clio RS не е опција. Понатаму Clio RS Gordini ќе има поинаков сетап на потпирањето со поцврсти пружини.
Clio RS Gordini треба да се појави на пазарот во првата половина на следната година, додека Clio RS веќе се нуди во Франција со почетна цена од 24.900 евра.