МЗ: Состојбата во државата е вонредна и овие моменти не би требало да се користат за ексклузивитет

Од:

Министерството за здравство ја информира јавноста дека за состојбата со коронавирусот ги известува сите медиуми истовремено веднаш откако ќе ги добие официјалните податоци од Институтот за јавно здравје.

– Со оглед на тоа што во изминативе денови, неколку медиуми први информираат за статистиката на денот ги замолуваме сите медиуми – да се држат исклучиво до официјалните информации кои излегуваат од релевантните институции наместо да користат лични контакти за информирање, велат од МЗ.

„Состојбата во државата е вонредна и овие моменти не би требало да се користат за ексклузивитет – затоа што податоците може да бидат неточни, но и податоци без детална информација предизвикуваат страв и паника кај семејствата кои се лекуваат од КОВИД-19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, како и во останатите јавно-здравствени установи“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците