Красниќи: Владата на Тачи нема стратегија за економски развој

Од:

Претседателот на косовскиот парламент Јакуп Красниќи ја обвини владата на премиерот Хашим Тачи, кога станува збор за еконоскиот развој и развојните политики.

Според него, Косово нема единствена стратегија за економски развој и нема фискална политика, кои би биле во служба на инвеститорите.

Красниќи го искоментирал и последниот извештај на Агенцијата против корупција, според која голем број од функционерите се во конфликт на интереси, работејќи истовремено на неколку работни места.

– Какви Супермени се тие кои имаат по пет работни места истовремено. Тие секојдневно го кршат законот и никој не им го расипува чадот на тутунот! Во Косово не само што не се создаваат олеснувања за инвеститорите кои сакаат да инвестираат во земјава, туку се воведени 1001 пречка. На овие инвеститори им се бараат пари, посакуваат да им влезат во делот на нивните инвестиции, изјавил Красниќи.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина