Владина помош од 2.000 долари месечно за 5,4 милиони Канаѓани заради загубаните приходи од пандемијата

Од:

Владата на Џастин Трудо соопшти дека речиси 5,4 милиони Канаѓани примаат помош заради изгубените приходи од пандемијата на коронавирусот.

За оние кои ја загубија работата канадската Влада овозможила надомест од 2.000 долари месечно.

Според последните податоци, во март до владините служби биле поднесени 5,97 милиони барања за помош.

На почетокот на мај на располагање ќе биде ставена и помошта за малите и средни претпријатија од програмата за субвенционирање на платите во висина од 75 отсто од примањата, за компаниите кои ќе докажат дека заради пандемијата на Ковид-19 во март загубиле 30 отсто од приходите.

Опозицијата ја повикува Либералната партија на премиерот Трудо да осмисли план за помош на секторот Услужни дејности, како и за вработените во туризмот, кои беа меѓу првите и се најпогодени од пандемијата.

Би можело да ве интересира

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски