Телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција и нивни негуватели во периодот со справувањето со КОВИД-19

Од:

Министерството за здравство соопштува дека е отворена телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција и нивни негуватели.

Од Универзитетската клиника за неврологија информираат дека пациентите може во периодот од 11:00 до 13:00 часот, во понеделник и среда, да се јават на телефонскиот број 075/277-806 во амбулантата за деменции за консултација и советување.

Отворена е телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција и нивни негуватели. Лицата кои живеат…

Posted by Венко Филипче on Вторник, 14 април 2020

Повозрасните лица се особено чувствителни на кризни состојби и природни катастрофи, а ова за жал се потврдува токму во овој период кога сите ние живееме во услови на променета дневна рутина поради пандемија со болеста предизвикана од корона вирусот COVID-19, велат од МЗ.

Во светот повеќе од 50 милиони лица живеат со деменција, а на секои 3 секунди се дијагностицира нов случај. Лицата кои живеат со деменција имаат ограничен пристап до информации и факти за пандемијата со COVID-19, а имаат и потешкотии да ги запомнат препораките за безбедно однесување и заштита, како што е на пример носењето на маска или во разбирањето на информациите од јавно здравствен карактер, како што е почитувањето на времето одредено со полициски час.

Ненамерното, а условено од самата болест, непочитување на предупредувањата и препораките за социјално дистанцирање, потенцијално ги изложува на поголем ризик и можност за инфекција, додаваат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on