Англиската фудбалска лига планира да ги продолжи натпреварите на 6 јуни доколку е безбедно. Сите мечеви во Англија се прекинати заради кризата со коронавирус, но загриженоста за финансиската криза расте.
Ова е причината зошто Фудбалската лига сака сезоната да заврши. Ова ќе им помогне на помалите клубови да се справат со ситуацијата, пишува „Мирор“.
Ако дуелите навистина започнат во јуни, тие ќе бидат пред празни трибини. Постои можност Премиер лигата да биде обновена во исто време.
Прецизирано е дека ова ќе се случи само доколку владата прогласи дека е безбедно.
Англиската фудбалска лига управува со второто, третото и четвртото ниво на фудбал во Англија – Чемпионшип, Првата лига и Втората лига.