ФОТО: Изгаснат пожарот во „Гоце Делчев“, две девојки во несвест

Од:

Две девојки беа изнесени од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во несвесна состојба. Укажана им е итна медицинска помош.

Скопската противпожарна единица успеа на време да спречи пожарот во студентскиот дом „Гоце Делчев“ да се прошири кон вториот и третиот кат. За среќа во преполниот дом, освен зачадени простории нема повредени.

goce pozaa (2)

Но, очигледна е паниката кај студентите кои кршеле и прозорци за да се евакуираат.

Првично од Противпожарната служба велат дека пожарот пламнал во соба од приземјето во машкиот дел, а причините засега се непознати. Причината за пожарот се очекува да ја откријат полициските иследници кои веќе влегоа во речиси целосно уништените 3-4 соби.

goce pozaa (3)

Пред домот има околу 300 студенти а на тие кои престојуваат во машкиот дел нема да им биде дозволен пристап во објектот додека трае увидот. Некои од нив велат дека внатре се уште не постојат можности да се влезе без ПП апарат бидејќи чад излегува од просториите и има силна непријатна миризба на пластика.

Би можело да ве интересира

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

(ВИДЕО) Прогласена e вонредна состојба во Лос Анџелес по пожар во магацин

Три пожари се активни, 14 се изгаснати

Шестмина загинаа во пожар во куќа во покраината Хунан

Горан Наумовски