Владата ги донесе мерките за забрана за движење за велигденските празници

Од:

Владата на денешната седница го разгледа и усвои предлогот за продолжување на забраната и посебниот режим на движење на територијата на Македонија за време на претстојниот христијански празник Велигден, односно забраната за движење ќе почне од 17 април 2020 година (петок) од 16:00 часот и ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот.

Како што соопшти владината прес-служба, согласно оваа забрана и посебен режим на движење, Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник.

Дополнително, со одлука на Владата е усвоен предлогот на Главниот координативен кризен штаб од состанокот што се одржа денеска, од четврток 16 април во 16:00 часот, до 5:00 часот во вторник, 21 април,  да се забрани движење и групирање, односно да се затворат сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд-населбите за време на периодот на забраната и посебен режим на движење за претстојниот празник, а МВР да ги интензивира контролите на овие места.

За лицата над 67-годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други граѓани има целосна забрана.

За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други лица има целосна забрана.

На оваа своја седница Владата констатира дека е завршен периодот на постоење на кризната состојба на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа и дека оваа состојба ги даде очекуваните резултати на здравствен план.

Со завршување на постоењето на кризната состојба на овие подрачја, Владата заклучи да продолжат да се спроведуваат постојните одредби од донесените одлуки, заклучоци, мерки и препораки на Владата за време на вонредната состојба на целата територија на државата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес