Деведесет и седумгодишната Џина Дал Колето од Бразил, која беше хоспитализирана во болница на први април поради заболување од коронавирусот, во неделата ја напушти локалната болница во Сао Паоло. Таа е првата најстара пациентка во Бразил која го преживеа смртоносниот вирус.
Џина, иако е стара, како што пренесуваат странските медиуми, е многу активна, ужива во прошетките, сака да оди на шопинг и да готви, а медицинскиот тим за неа вели дека е инспиративна жена токму затоа што пред две недели била донесена во многу тешка здравствена состојба, а сега е веќе излекувана.
Бразил е држава со регистрирани повеќе од 22.169 случаи на заразени од коронавирус, а 1.223 од нив починале во минатата недела.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, се спротивстави на мерките за социјално растојание наметнати од државните гувернери, па дури и од неговите здравствени службеници и повика економијата да започне одново со работа.
Тој поради таквите неодговорни ставови кон вирусот и мерките за превензија наиде на негодување од страна на граѓаните во Бразил.