Пикот на Ковид-19 во САД се очекува да биде оваа седмица

Од:

Пикот на кризата со новиот коронавирус во САД би можел да се случи оваа недела.

Тоа го нагласи водечки експерт за здравство, укажувајќи на знаци на стабилизација низ целата земја.

– Ние се приближуваме до пикот на кризата во моментов. Вие ќе знаете дека сме во пикот кога ќе има помалку случаи следниот ден од претходниот, рече Роберт Редфилд, директор на Центарот за контрола и спречување на болести (ЦДЦ).

Во САД, најтешко погодената земја со Ковид-19 има заразени речиси 558.000 луѓе и повеќе од 22.000 смртни случаи, при што 2.000 луѓе починаа во последните четири дена, особено во Њујорк и околината.

Тој одби да објави за временската рамка поврзана за покренување на економските активности и истакна дека социјалното дистанцирање ја спречило стапката на смртност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја