Фаучи предупреди дека е ризик прерано отварарање на американската економија

Од:

Експертот за инфективни болести и член на координативното тело за борба со коронавирусот на Белата куќа, д-р Антони Фаучи, синоќа за „Си-ен-ен“ предупреди дека има „исклучително голем ризик“ од натамошно ширење на коронавирусот доколку САД ја отворат државата од 1 мај.

Претседателот, Доналд Трамп во повеќе наврати досега изрази спремност, доколку дозволуваат околностите, токму тоа и да го стори.

Од здравствени компликации поврзани со Ковид-19 во САД досега починаа над 22 илјади лица, со повеќе од 560 илјади потврдени случаи.

Сегашните американски модели предвидуваат дека до јули во државата можат да починат 60 илјади или повеќе.

Трамп речиси секој ден вели дека сака да ја отвори американската економија колку што е можно побргу.

Неговите економски советници упатуваат на датумот 1 мај, но претседателот рече дека ќе ги слуша и здравствените експерти што мислат за тоа.

На брифингот викендов Трамп рече дека изборот меѓу два императиви – заштита на здравјето на Американците и рестартирање на најголемата светска економија – е најголемата одлука во неговиот живот.

Претседателот најави дека во вторник ќе претстави новa група специјалисти од здравството и бизнисот која ќе работи на утврдување кога и како ќе се отвори економијата и започне со работата на бизнисите и спортските настани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја