Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Од:

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста, а за половина денар поевтинува екстра лесното масло за домаќинствата од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, новата малопродажна цена ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 48,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 50,50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од минатата недела од 45 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 33 денари за литар.

Поскапување има и кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС, за 2,136 денари и килограм од овој нергенс ќе се продава за 20,106 денари.

Би можело да ве интересира

Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Поскапуваат бензините

Поскапуваат горивата

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Бензините поевтинуваат за половина денар по литар

Од полноќ нови цени на горивата