Ковид-19: Мнозинството Германци против олеснување на рестриктивните мерки

Од:

Иако има позитивен тренд во бројот на новозаразени, Германците остануваат скептични и не сакаат мерките за борба против коронавирусот прерано да бидат укинати, покажува истражувањето спроведено од Институтот „Југов“ (YouGov).

Вкупно 44 проценти од испитаниците сакаат продолжување на рестриктивните мерки и по 19 април, а 12 проценти се и за дополнително затегнување. Од друга страна, 32 проценти се изјасниле за олабавување на мерките, а осум проценти за целосно укинување, јави германската агенција ДПА, која го нарача истражувањето.

Подготвеноста за почитување на рестриктивните мерки и натаму е голема, па 78 проценти стриктно се придржуваат до нив, 18 отсто делумно, а само два проценти воопшто не ги почитува.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ