Трамп на критиките од епидемиологот Фаучи: „Време е за отказ“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп на Велигден јавно ја изрази својата фрустрација заради последната изјава на главниот експерт за заразни болести Антонио Фаучи, откако епидемиологот кааж дека многу повеќе животи ќе беа спасени од коронавирусот доколку земјата порано се затвореше.

Трамп ја ретвитна пораката „време е за отказ” и ги отфрли критиките заради спорниот иницијален одговор на пандемијата, која досега во САД уби повеќе од 22.079 лица и зарази 557.300 Американци, пренесе „Њујорк Тајмс“.

Претседателот Трамп често пати не е задоволен од изјавите на Фаучи, но тоа вчера го покажа најексплицитно во пораката на Твитер што им ја ретвитна на своите 76 милиони следбеници.

Во Твитер пораката на поранешната републиканска кандидатка за Конгрсот, ДеАна Лорејн, пишува „Фаурчи сега зборува дека Трамп можел да спаси повеќе животи доколку порано ги послушаше медицинските стручњаци, а тој истиот Фаучи на 29 февруари на луѓето им зборуваше дека не треба да се загрижени од коорнавирусот“. Покрај пораката таа напиша „Отказ Фаучи“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја