Војници убиле тројца полицајци во индонезиската провинција Папуа

Од:

Војници убиле тројца полицајци во лична расправија во покраината Папуа во Индонезија, соопшти денеска полицијата.

Војниците, исто така, раниле уште две полицајци во пукањето што се случило вчера во областа Мамберамо Раја, изјави портпаролот на полицијата на Папуа, Антон Ампанг.

– Дошло до недоразбирање меѓу припадниците на армијата и припадниците на полицијата во Мамберамо Раја, рече тој, без да образложи повеќе детали.

Началникот на полицијата во Папуа, Паулс Ватерпау изјави дека го повлекол оружјете од својот персонал во Мамберамо за да спречи одмазднички напади.

– Се обидуваме да ги смириме нашите офицери и да ги спречиме да не ги почитуваат наредбите, истакна тој.

Во Папуа од 60-тите години на минатиот век има сепаратистички судири.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Aмерикански кошаркар се соочува со смртна казна во Индонезија – кај него најдени се 132 бонбони со канабис

А1он

Индонезискиот претседател на Путин му пренел порака од Зеленски

А1он

Силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Сулавеси

Бројот на жртви од цунамито во Индонезија се искачи на 420, опасност од ново цунами се уште постои

Наум Локоски

Вечер по повод Денот на незвисноста на Индонезија

Ана Ололовска