Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Велика Британија порасна на 10.612 лица, откако денеска починале 737 лица, соопшти Министерството за здравство.
Во оваа бројка не се вклучени луѓето кои починале во домовите за стари лица или пак во своите домови, пренесуваат светските медиуми.
Денеска во Велика Британија се регистрирани 5.288 нови случаи, со што вкупниот број заразени надмина 84.000 лица.