ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се однесува како ширењето на вирусот да е реклама за Топ Шоп производи

Од:

„Министерот Филипче продолжува да се рекламира со одговарање на прашања на стримовите од влада, како да ширењето на вирусот низ земјава е реклама за Топ Шоп производи“, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по денешниот видео стриминг на Владата каде министерот за здравство и епидемиолозите одговораа на прашања за Ковид-19.

„Се споредуваат нелогични бројки во кои што власта сака да прикаже дека имаме најниска заразеност со коронавирусот во регионот и во Европа, кога анализите на милион жители го покажуваат сосема спротивното. Венко Филипче наместо да објаснува како се врзува вирусот тоа да го остави на експертите и нека почне вистински да министерува со здравството коешто во моментов е на колена“, велат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека не е точно дека институциите биле спремни и дека Македонија подготвена го дочекала вирусот.

„Македонија го дочека вирусот во хаос, за тоа говори фактот дека заштитна опрема немаше за луѓето коишто беа први на удар, неспособноста и непрофесионалноста на директорите на здравствените установи. Нашата земја е само прва по бројот на скандали и афери, како и на врвот во искористување на кризата за профитерските апетити од функционерите на власт.
Случаите кои говорат за неспособноста и изгубеноста на власта се секојдневиот, граѓаните немаат друго чаре, па своите проблеми и разочараност ги споделуват пред очите на јавноста, но за тие Филипче нема време затоа што е премногу зафатен во пи-ар популистичките изјави кои мисли дека го прават популарен“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов