ВИДЕО: Во Црна Гора е уапсен поглаварот на Српската православна црква

Од:

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, кој е поглавар на Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора, денеска бил приведен во центарот за безбедност во Подгорица.

‼️ПОГЛЕДАЈТЕ ОВУ СРАМОТУ! УХАПШЕН МАРКО МИЛАЧИЋ ИСПРЕД ХРАМА ИАКО НИЈЕ ПРЕКРШИО НИ ЈЕДНУ МЈЕРУ И ТО НА ЦВИЈЕТИ‼️

Posted by Marko Milačić – Prava Crna Gora on Недела, 12 април 2020

Како што информираат српските медиуми, митрополитот бил приведен по неговата служба во црква во населбата Златица во Подгорица.

ИАКО НИЈЕ ПРОГЛАШЕНО ВАНРЕДНО СТАЊЕ ПОЛИЦИЈА ПРОТИВУСТАВНО УГРОЖАВА ЕЛЕМЕНТАРНА ЉУДСКА ПРАВА И ХАПСИ ВЈЕРНИКЕ ПРАВОСЛАВНЕ ЦРКВЕЈутрос испред Саборног храма у Подгорици

Posted by Јован Маркуш on Недела, 12 април 2020

„Митрополитот е во Центарот за безбедност во Подгорица. Тој беше приведен по службата, за време на која владееше вистинска опсада пред светото место. Неколку свештеници од Храмот на Христовото воскресение се исто така уапсени. Очигледно, ова е демонстрација дека во Црна Гора почнува да се применува Закон за слободата на вероисповед“, изјавил за „Вечерње новости“ еден од свештениците присутен на настанот.

Од почетокот на годината, Српската православна црква редовно организира протести во црногорски градови поради спорниот Закон за вероисповед. Законот од декември минатата година бара сите верски заедници кои делуваат во земјата да се регистрираат и да ја докажат сопственоста над имотот што го поседувале и пред 1918 година, кога Црна Гора била присоединета кон Кралството Србија.

Српската православна црква инсистира на тоа дека целта на таквата регистрација е нејзино понижување и дека владата се обидува да го експроприра нејзиниот средновековен имот, вклучително и цркви, манастири и земјиште. Од друга страна, црногорските властите тврдат дека законот има намера да ја доведе во ред евиденцијата на имотот на верските заедници.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија