Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди испраќање „голем пакет помош“ за Италија, држава сериозно погодена од пандемијата на коронавирусот, се вели во денешното соопштение на државниот секретар Мајк Помпео.
Поддршката ќе се реализира преку меѓународни организации, многу од кои веќе помагаат на Италијанците. Поддршката е наменета и за рестартирање на италијанската економија.
Помпео укажа дека на својот сојузник од НАТО пактот, дека САД ќе испратат и техничка поддршка „потпирајќи се на постоечките партнерски и продуктивни односи меѓу Министерството за здравство на САД и италијанските служби за здравство“, се вели во соопштението.
Во воените бази во Италија се наоѓаат околу 30 илјади американски војници и членови на нивните семејства. Американските војници ќе укажуваат помош на Италијанците во различни области, како телемедицински услуги, транспорт и инсталација на полски болници и опрема, лекување пациенти и транспорт на залихи, гориво и прехранбени продукти.
-Оваа критично важна помош нема само да помогне на италијанскиот народ, туку и ќе ги поддржи логистичките и трговските алки во земјата. Само заедно и само благодарејќи на транспарентноста, соработката и заемната поддршка, можеме да го поразиме Ковид-19, истакна Помпео.