Сообраќајка во струмичко, возач усмртил четиригодишно дете

Од:

Синоќа околу 14.10 часот пред здравствена амбуланта во с.Банско, струмичко, М.Н.(25) од с.Банско, управувајќи патничко возило „застава“, со
струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во четири малолетни лица, на 4, 9, 14 и 17 години, сите од с.Банско, а потоа во електричен столб, информираа МВР.

По незгодата возачот и пешаците биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, при што кај четиригодишникот од лекар била констатирана смрт, а со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот пешак. Кај возачот и другите двајца малолетници се констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Три жртви во страшна сообраќајка кај Бања Лука

А1он

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Две години затвор за Менсур Пајазити кој ја прегази 22-годишната Теодора

Катерина Ѓуровски

Тетовец загина на патот Маврово-Дебар

Катерина Ѓуровски

Струмичанец е осомничен за убиство, со нож избодел познаник

Во целосен прекин сообраќајот на регионалниот пат кај мотел „Велес“ до Велес