Болсонаро со шетање и ракување уште еднаш покажа дека е против социјалната дистанца

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска прошета по улиците на Бразилија  поздравувајќи ги минувачите и приврзаниците, со што уште еднаш јавно покажа колку се противи на мерките за социјална изолација  во борбата против епидемијата на коронавирусот.

Болсонаро, имено, инсистира на борба против невработеноста, дури и во услови на новонастанатата здравствена криза. Заради тоа повеќепати доаѓаше во судир со гувернерите, па дури и со министерот за здравство, кои заговараат мерки на социјално (физичко) дистанцирање, а која има силно негативно влијание врз економијата.

Британските медиуми пренесуваат дека популарноста на бразилскиот претседател драстично опадна во текот на кризата заради коронавирусот и се повеќе Бразилци му се лути за неговиот став за Ковид-19, што тој го нарекува „мала настинка“.

Болсонаро денеска за време на дравниот празник посети една воена болница, потоа влезе во една аптека и на крајот посети еден од своите синови во станбена зграда, покажуваат снимките од телевизијата. Некои од граѓаните го поздравуваа, но повеќето лути удираа во тенџериња од своите домови во знак на протест против неговото ноншалантно однесување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск