Потврден првиот случај на припадник на КФОР заразен од Ковид-19

Од:

Меѓународната воена мисија предводена од НАТО во Косово, КФОР, денеска објавија дека е потврден првиот случај на нивен припадник заразен од новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на КФОР што го пренесоа косовските медиуми, се наведува дека меѓународните сили ќе продолжат да ја извршуваат мисијата во Косово за која го имаат мандатот од Обединетите нации, „со цел да придонесат за зачувување на мирен и безбеден амбиент и на слободно движење за доброто на сите заедници во Косово“.

– КФОР презема и превентивни мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 во Косово, следејќи ги насоките и упатствата на Светската здравствена организација. (…) КФОР исто така ќе продолжи со следење на ситуацијата, во тесна соработка со институциите на Косово и меѓународната заедница, со цел да овозможи сигурност за сопствениот персонал и за народот на Косово, се вели во соопштението на меѓународната воена мисија во Косово.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски