Таткото на Џонсон: Борис нема наскоро да се врати на работа

Од:

Британскиот премиер Борис Џоснон ќе има потреба од подолго лекување за да се заздрави од коронавирусот и подготвен да се врати на работа, изјави денеска неговиот татко, Стенли Џонсон, цитиран од американските медиуми.

Британскиот премиер (55) мина три ноќи на Одделот за интензивна нега во лондонската болница „Сент Томас“, откако во неделата му се влошија симптомите на болеста Ковид-19. Синоќа тој беше вратен од интензивна нега во болничка соба.

Неговиот татко за Би-Би-Си изјави дека на премиерот му е потребен одмор.

-Потребно е време, изјави тој и дополни дека не може да претстави како неговиот син ќе излезе од болница и „директно ќе отиде на Даунинг стрит да ги преземе уздите на власта без извесен период на приспособување”.

Докторот специјалист за интензивна нега, Данкан Инг, изјави дека е речиси невозможно да се каже колку време ќе му треба на Џонсон за целосно да се закрепне.

-Тој беше многу болен и ќе треба време, изјави Инг, пренесоа агенциите.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство