Тестот за коронавирус на претседателот на СДСМ Зоран Заев е негативен

Од:

Министерството за здравство информира дека тестот за коронавирус на претседателот на политичката партија СДСМ Зоран Заев е негативен.

Заев ќе остане во 14-дневна изолација, иако резултатите кои пристигнаа денеска попладне се негативни.

Тој заедно со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред една недела имале контакти со уредникот на Канал 5, Гоце Михајлоски кој е позитивен на коронавирусот и се наоѓа во болницата „8 Септември“.

И за Мицкоски важи 14дневната изолација, кој исто така имаше негативен резултат на тестот за Ковид 19.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Време е за обединување околу клучните национални прашања

Горан Наумовски

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Мицкоски: Опозицијата да се вразуми и да работиме заедно

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Мицкоски: Се работи на решение да се ограничат местата за брзи кредити до коцкарниците