Согласно договорот на Организацијата на земјите извознички на нафта плус Русија, ОПЕК+, Мексико се согласи да го скрати вадењето на сурова нафта во износ од 100 илјади барели дневно, наместо побараните 350 илјади барели дневно, јавија светските агенции.
Преговорите преку видеоконференција се водеа девет чесови и траеја до денеска, пре дсе, поради забелешките од Мексико.
Според мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, одлуката за ова количество е усогласена со САД. Наводно САД од своја страна ветила дополнително намалено вадење нафта во износ од 250 илјади барели дневно, како поддршка за Мексико.
За време на преговорите со ОПЕК+ вчера, земјата не прифати кратење во три етапи, поради што проговорите се оддолжија.
Земјите од ОПЕК+ бараа Мексико да го намали количеството иа извадена нафта до 400 илјади барели дневно, но земјата не прифати. Поради оваа позиција, завршните етапа од преговорите беше пренесена до денеска.
Преговорите на ОПЕК+ со другите нафтени земји се одвиваат преку видеоконференциска врска што до синоќа траеше девет часа. Според нацрт договорот, во мај и јуни намалените дневни количества на вадење нафта се 10 милиони барели, од 1 јули, се ублажуваат на осум милиони барели дневно, а од 1 јануари 2021 до април 2022 кратењето се намалува на шест милиони барели дневно.
Овие услови беа прифатени од сите освен од Мексико.
Значаен дел од намалените количества се на товар на Русија и Саудиска Арабија. Според достапните информации, Москва и Ријад треба да го намалат производството на два и пол милиони барели дневно секој.
По позитивните информации за постигнат договор, цената на суровата нафта на светските берзи синоќа порасна за 12 проценти.