Владата објави сметка за донации за помош и поддршка за справување со економско-здравствената криза предизвикана од коронавирусот КОВИД–19.
„Целта на донацијата, во вид на парични средства кои ќе се користат за помош, е поддршка за активностите за спроведување на мерките за справување со кризата од коронавирусот во земјата“, велат од Владата.
Уплатата на средствата (во денари) за донација се врши на образец ПП 50, и се пополнува на следниов начин: Назив на примач: Трезорска сметка, Влада на Република Северна Македонија Банка на примач: НБРСМ Трансакциска сметка: 100 000000063095 Сметка на корисник: 0400100078785С9 Приходнa шифра: 744111 (за правни лица) Приходнa шифра: 744211 (за физички лица) Програма: Р1 Во цел на дознака: Финансиска помош – КОВИД – 19
Донаторите што ќе одлучат да донираат финансиски средства се стекнуваат со право на даночно олеснување за кое што е потребно да достават Извештај за дадена донација/спонзорство (образец „УЈП-ИДС/ДВ“), во Управата за јавни приходи.
За финансиски донации во американски долари уплатата се врши на следниот начин: Correspondent bank details: CITIBANK NA NEW YORK Address: 111 WALL STREET NEW YORK NY 10043 SWIFT BIC: CITI US 33 Bank details: NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEODNIA Adress: Bl. „Kuzman Josifovski Pitu” br.1 1000 Skopje Republic of North Macedonia SWIFT: NBRM MK 2X Final beneficiary: IBAN:MK07 1007 0100 0000 849 Name: Vlada na Republika Severna Makedonija Generalen sekretarijat Detail of payment (:70)
За уплатата на донациите во евра се применува следната постапка: Correspondent bank details: DEUTSCHE BUNDESBANK ZENTRALE Address: Wilhelm Epstein strasse 14 Frankfurt am Main GERMANY SWIFT BIC: MARK DE FF Bank details: NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEODNIA Adress: Bl. „Kuzman Josifovski Pitu” br.1 1000 Skopje Republic of North Macedonia SWIFT: NBRM MK 2X Final beneficiary: IBAN: MK07 1007 0100 0000 849 Name: Vlada na Republika Severna Makedonija Generalen sekretarijat Detail of payment (:70)
За донации во швајцарски франци треба да се примени следната постапка: Correspondent bank details ZUERCHER KANTONALBANK Address: 9 Bahnhofstrasse Zurich SWITZERLAND SWIFT BIC: ZKBKCHZZ80A Bank details: NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEODNIA Adress: Bl. „Kuzman Josifovski Pitu” br.1 1000 Skopje Republic of North Macedonia SWIFT: NBRM MK 2X Final beneficiary: IBAN:MK07 1007 0100 0000 849 Name: Vlada na Republika Severna Makedonija Generalen sekretarijat Detail of payment (:70)
„Договорот за доделување на средства по основ на донација во име на Владата, го потпишува Генералниот секретар и според одредбите од Договорот, примателот на донацијата се обврзува сите добра од овој Договор да ги стави во остварување на мерките за справување со коронавирусот во земјата. За таа цел примателот на донацијата, со овој договор, изјавува дека со денот на потпишување на овој Договор се смета дека ги има примено средствата и има обврска да го извести давателот на донацијата најбрзо што може доколку се утврдат значителни отстапувања во суштината или во текот на активностите на донацијата“, стои во соопштението на Владата.