САД/Ковид-19: Над 450 илјади заразени, 16.111 починати

Од:

САД се приближуваат до бројот – половина милион заразени со коронавирусот.

Според референтните податоци од страницата на универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон, во САД има 455.445 случаи на Ковид-19 потврдени од 23 јануари, и 16.111 починати.

Во САД вчера беа регистрирани 20.518 нови случаи, и 1.326 смртни случаи само во текот на денот. Досега целосно закрепнале 24.562, 414. 769 се активни случаи, од кои 9. 813 се во критична состојба.

Жариштето на епидемијата на САД е во државата и градот Њујорк, од каде Си-Ен-Ен известува дека речиси 20 проценти од полицајците во Њујорк се вон служба заради вирусот, како и 6.022 од тестираните 25.000 вработени во метрото во Њујорк се во карантин, а тестирани се 1.571 позитивни на коронавирусот.

Со одлука на властите во 14 држави заврши оваа учебна година, а за истото се дискутира во Калифорнија, Ајдахо и Јужна Дакота.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја