Австрискиот политичар Ерхард Бусек смета дека дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да се продолжи, бидејќи не постои поинаков начин за решавање на прашањето на Косово, оценувајќи дека е пропуштена шансата со поделбата на Косово да се дојде до решение на проблемот.
-Не мислам дека е ова крај на дијалогот. Тој мора да продолжи, бидејќи не постои поинаков модус за решавање на односите меѓу Белград и Приштина. Овој застој настана бидејќи и едната и втората страна мораат да го подготват своето јавно мислење на договорите што ќе ги донесат од Брисел, рече Бусек за „Новости“.
Бусек смета дека вклучувањето на „нови играчи“ во дијалогот-Германија, Русија и САД, нема ништо да промени, бидејќи Србите и Албанците се тие кои треба да пронајдат „модус вивенди“ што ќе ги измири разликите и ќе функционира на теренот, на северот на Косово.
-За жал, пропуштена е шансата на маса да се најде поделбата на Косово, што според мене е едно од најдобрите решенија од оваа пат-позиција, рече поранешниот координатор на пактот за стабилност во Југоисточна Европа.