Собранието ќе ја одржи 58. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 58. седница на чиј дневен ред се предлог-законите за изменување на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во Република Македонија и за дополнување на Законот за денационализација, и двата во второ читање.

Ќе се расправа и за предлог-законите за регулирање на дел од долгот кон Обединетата банка на Швајцарија, за изменување и дополнување на Кривичниот законик, за катастар на недвижности, и за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството, сите во второ читање.

На седницата ќе бидат разгледани и повеќе предлог закони за ратификација на конвенции и договори, како и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, на Законот за домување, и на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост, сите во второ читање и повеќе закони во прво читање.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции