Побарани казни за двајца непочитувачи на здравствените прописи во Охрид

Од:

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против 43-годишен жител на Скопје со престојувалиште во Охрид заради продолжено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што соопштува ОЈО Охрид, обвинетиот на 13 март на граничниот премин Табановце допатувал од Република Австрија, веднаш заминал во неговиот стан во Охрид и иако знаел дека е должен да се самоизолира, истиот ден се јавил во кабелски оператор и побарал да во станот во кој престојувал да му монтираат кабелска телевизија и интернет. Притоа остварил личен контакт со тројца вработени во кабелскиот оператор, кои ги повикал и ги примил во просторијата во која престојувал, без да ги извести дека е во задолжителна самоизолација и без да носи заштитна маска и ракавици.

Јавното обвинителство предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Исто така, охридското обвинителство поднесе Предлог за издавање казнен налог против уште едно лице кое на 29 март не постапило согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија.

Обвинетиот бил затекнат надвор од домот за време на полицискиот час со што сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информира ОЈО Охрид.

И за овој обвинет, обвинителството на Основниот суд Охрид м у предложи да изрече парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on