Социјални пакети за помош на 50 домаќинства од Карпош

Од:

„Во финална фаза е подготовката на 50 социјални пакети, со храна и средства за хигиена, за 50 ранливи домаќинства од Карпош. Денеска, пакетите се подготвуваа во пунктот на Црвен крст во Момин Поток. Прехранбените продукти и средства за хигиена се набавени од страна на компанијата „СМС ШОПС ДООЕЛ“, велат од Општина Карпош.

Локалната самоуправа искажува благодарност до оваа општествено одговорна компанија и ги повикува сите други, правни субјекти, да се вклучат во поддршка на заедницата.

Во претстојниот период, ќе бидат доделени уште 30 социјални пакети за помош на социјално загрозените домаќинства, како резултат на соработка меѓу Општина Карпош и Црвениот крст.

Овие хуманитарни активности имаат за цел да го олеснат живеењето на граѓаните, во период на пандемијата со Covid – 19, додаваат од Општината.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец