Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Масерати“ ги објави официјалните фотографии од новиот модел „Гибли“, пред неговата премиера на претстојниот Саем во Шангај.
Масерати во јануари годинава на Саемот во Детроит го претстави новиот Кватропорте, а најавен е и СУВ моделот Леванте.
Моделот Гибли е седан со должина од 4900 милиметри, кој ќе влезе во конкуренција на моделите како Ауди А6, БМВ Серија 5 и Мерцедес Е класа.
Моторската понуда е составена од 3.0 литарски В6 турбо дизел и 3,0 литарски В6 турбо бензинец во верзии од 330 и 410 коњски сили. За подоцна е најавен и В8 бензинец.
Гибли доаѓа со ЗФ осумстепен автоматски менувач, а достапен ќе биде и погон на сите четири тркала.