А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ХЕРА: Владата да ги гарантира здравствените услуги на бремените жени

by А1он08/04/2020 - 11:11319
Share0

ХЕРА упати порака до Владата на Република Северна Македонија дека потребите на жените поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје не треба во ниту еден момент да бидат запоставени, а особено не во време на пандемската криза со КОВИД-19.

Добивај вести на вибер

-Кај бремените жени и новороденчињата се случуваат низа физички промени и промени во развојот на фетусот, што ги прави особено ранливи на вирусни респираторни инфекции како што е и КОВИД-19. Затоа на бремените, без разлика дали се сомнителни или се инфицирани со КОВИД-19 не смее да им биде отежнат пристапот до неопходна медицинска поддршка, велат од ХЕРА.

Од здружението предупредуваат дека непристапноста или затворањето на родилиштата може да доведе до зголемување на мајчината смртност, што веќе се случува во некои региони во светот погодени од пандемијата.

-Затворањето на училиштата често доведува до зголемена сексуална активност кај младите, а доколку постои недостиг на кондоми и модерна контрацепција се зголемуваат и можностите за адолесцентни бремености, што понатаму би довело до осипување на девојчињата од образовниот систем и негативно би влијаело врз нивниот натамошен развој и живот, потенцираат од ХЕРА.

Од здружението ја повикуваат Владата да ги гарантира основните и животоспасувачки услуги за сексуално и репродуктивно здравје во услови на хуманитарна криза – онака како што се дефинирани од страна на голем број меѓународни здравствени агенции, ООН и научната фела.

Од ХЕРА потенцираат дека буџетите за финансирање на услугите за репродуктивно и сексуално здравје не смее да бидат намалени или стопирани.

-Граѓанските организации кои обезбедуваат услуги на терен за ХИВ и за репродуктивно здравје за маргинализираните групи треба да продолжат со работа со цел да се гарантира континуитет во комуникацијата и во поддршката на заедниците за услугите кои им се потребни, вклучувајќи и кондоми и лубриканти за превенција од непланирана бременост, ХИВ и сексуално преносливи инфекции, истакнуваат од ХЕРА.

hera

Би можело да ве интересира

Македонија мора да го забрза одговорот : една третина од лицата со ХИВ не се дијагностицирани

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 12:01

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02

53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Катерина Ѓуровски16/07/2025 - 12:17

„Хера“: За Ромките во државава се уште има предрасуди, отколку работните места

Ана Ололовска08/04/2021 - 12:06

Поддршка од 93 граѓански организации за приоретизирање на родовата рамноправност во основно образование

Ана Ололовска01/02/2021 - 12:55

Кампања за лицата со интелектуална попреченост на Специјалната олимпијада Македонија и ХЕРА

Ана Ололовска04/12/2020 - 14:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен