Организаторите на Вимблдон објавија дека ќе добијат 114 милиони евра од осигурителното друштво поради откажување на турнирот. Според нив, 23 милиони евра ќе бидат распределени на клубови, на судии, на играчи, на турнири кои се погодени со кризата од коронавирусот.
Поради пандемијата на коронавирус се откажани 34 турнири, но само Вимблдон имаше осигурителна полиса за таков случај. Таквата пракса кај организаторите е од 2003 година и појавата на вирусот САРС во светот, па во полисата вклучија ризик за одложување на турнирот за што секоја година уплатуваа по 1,7 милиони евра.
Останатите Гренд слем турнира што треба да се одржат до крај на годината (Ролан Гарос, Ју-Ес опен) немаат такви полиси. Затоа и заканата за губење на 250 милиони евра во случај на откажување на натпреварите.