Раб: Верувам дека Џонсон ќе се извлече, бидејќи е борец

Од:

Шефот на британската дипломатија Доминик Раб денеска изјави дека е уверен дека британскиот премиер Борис Џонсон „ќе се извлече, бидејќи е борец“.

Џонсон синоќа беше префрлен на одделот за интензивна нега во болницата „Сент Томас“ во Лондон, откако неговата здравствена состојба попладнето се влоши поради коорнавирусот. Денеска тој примил кислород, но не бил приклучен на респиратор, јавија претпладнето британските медиуми.

-Уверен сум дека ќе се извлече, бидејќи ако постои една работа што ја знам за овој премиер, тоа е дека е борец, рече Раб на прес конференција, додавајќи дека заболувањето на премиерот било шок за целата влада., пренесе „Гардијан“ .

Раб пренесе и дека Џонсон му побарал да го замени на премирската функција се додека тоа биде неопходно, додаваат британските медиуми.

-Имам целосна доверба во ангажманите кои премиерот ги воспостави така што можам да ја преземам неговата одговорност, да го заменам се додека тој не е во можност да работи, и очигледно, се надеваме дека така ќе биде во многу ограничен временски период, рече Раб.

Раб наведе дека одлуките во владата ги носат министрите колективно, кои , како што кажа, „од Џонсон добија јасни упатства, многу јасни инструкции“ и сега се фокусирани на нивната примена.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски