Коњановски: Законските измени обезбедуваат поголема заштита за земјоделците

Од:

Правните лица кои продаваат земјоделски ѓубриња на големо и мало се должни да истакнат телефонски број на Државниот земјоделски инспекторат на видно место, на влезот на продажните места, магацините или продажните простории, за да можат купувачите, ако увидат какви било неправилности, благовремено да пријават.

Ова е предвидено со законските измени што денеска добија поддршка од собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Целта на измените е, како што рече ресорниот заменик министер Зоран Коњановски, да се обезбеди и гарантира поголема заштитата на потрошувачите, во случајов земјоделците кои ги користат ѓубрињата како репроматеријали.

Согласно измените, испитувањето на ѓубрињата ќе се врши во акредитирана лабораторија согласно ИСО стандардите. До акредитирањето на лабораториите анализи ќе се прават во установи кои добиле соодветна дозвола за оваа дејност. Воедно се воведуваат поригорзни казнени мерки.

Речиси исти како овие се и измените на Законот за производи за заштита на растенијата, како и на Законот за семенски и саден материјал кои Комисијата исто така оцени дека се прифатливи и дозволи да се дадат на натамошно, второ читање.

На седницата поддршка добија и измените на Законот за здравјето на растенијата со кои, посочи Коњановски, се овозможува правна основа за изготвување петгодишна стратегија за фитосанитарна политика. Планирано е и воведување фитосанитарен мониторинг што подразбира систематско прибирање и чување податоци за присуство на штетни организми, земање примероци, следење на здравствената состојба на растенијата и систематска контрола на заразените и незаразените подрачја во Македонија.

– Во овој сегмент, значително се зголемени глобите, од 100 до 300 отсто. Целта е единствена, оној што купува семе и саден материјал, да биде сигурен дека плаќа квалитет. Остануваме доследни на ветувањето дека ќе ги штитиме земјоделците при набавката на квалитетни ѓубриња, семе, саден материјал, потенцира заменик министерот.

Осврнувајќи се на измените на Законот за земјоделство и рурален развој, Коњановски подвлече дека повторно им се излегува во пресрет на земјоделците. Голем дел од нив, кои не успеале навреме да ги измират обврските за пашарина, односно наводнување, или платиле со задоцнување зашто не ги знаeле роковите, ќе можат да аплицираат за годинашните субвенции.

– Со измените се предлага преодна oдредба со која се овозможува право на користење средства од Програмата зa поддршка за 2013 за земјоделците кои до денот на влегување во сила на овој закон ги немаат намирено обврските за 2011 година, а ќе ги намират најдоцна до 30 октомври 2013, рече Коњановски.

Комисијата за земјоделство ги поддржа и измените на Законот за ловството кои главно се однесуваат на неговото усогласување со Законот за концесии и јавно приватно партнерство.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници