Полиција интервенираше во Влае, турканици и расправии пред банките во Скопје

Од:

Гужви и редици пред банкоматите и маркетите во Скопје можат да се забележат од рано утринава. Граѓаните купуваат намирници, но и вадат пари, а претежно, станува збор за повозрасни луѓе. Со цел побрзо да дојдат да ред и да завршат работа, тие се туркаат меѓусебно, за да некој не отиде пред нив. Никој не ги почитува препораките за да се држи растојание од два метри.

Пред банкомат во порта Влае мораше да интервенира и полицијата, која пак сега, патролира наоколу за да ги оддалечи граѓаните еден од друг.

Тие, наместо да ја послушаат наредбата од полицајците, се караа со нив, велејќи им дека нема да се оддалечат бидејќи им го земаат редот.

По полицијата, реагираше и обезбедувањето од банката, кое се обиде да воспостави ред пред банкоматот.

Слична беше сликата и пред експозитура на банка во Ѓорче Петров, односно, трговскиот центар „СП Планет“. Тука не реагираше обезбедувањето и полицијата, а ниту пак, граѓаните држеа растојание еден од друг. Сите беа збиени и чекаа пред вратата, да излезат тие што се внатре, за да влезат тие.

Редиците и гужвите се присутни и пред маркетите, но и на зелените пазари. Граѓаните купуваат намирници и излегуваат со полни торби, а додека чекаат за влез, никој не ги спроведува препораките на Владата за дистанца. Голем дел од нив, носеа заштитни маски.

Фреквенцијата на луѓе низ улиците, маркетите, филијалите на банките, како и јавните површини беа намалени во изминатите денови, што најверојатно се должеше на лошите временски услови. Вчера и денес, може да се забележи дека граѓаните го искористуваат времето да си ги завршат обврските, а со тоа, се создаваат гужви пред голем дел од објектите за услужна дејност.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Гужви за налепници со НМК: Во дел од станиците за технички преглед се веќе потрошени, некои не добиле

A1on

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

(ВИДЕО) „Два часа чекам за пасош со „северна“: Гужви за документи пред пунктот во полициска станица „Пролет“

A1on