СМК: Македонците од Албанија кои имаат државјанство имаат право на глас

Од:

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) локалните избори во првиот круг на 24. март и во вториот круг на 7 април 2013 година ги оцени за мирни, слободни, фер и демократски.

СМК изразува жалење за резултатите од локалните избори во првиот круг во Кичево и партиските пресметки од гласањето во Државната изборна комисија (ДИК) по приговорите за локалните избори во Кичево. Очекува и поништување на гласањето од вториот круг во Струга поради изборни неправилности коишто го прават незаконски резултатот на кандидатот на ДПА за градоначалник. СМК го осудува дивеењето на симпатизерите на ДПА од Велешта и Лабуништа во селото Враништа населено со Македонци православни.

Поздравувајќи го договорот за заедничките листи на кандидати за градоначалници и советници меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Струга и во Кичево, од СМК посочуваат дека тоа е само морална корекција на грешките од територијалната организација на локалната самоуправа на СДСМ во 2004 година.

– СМК иницира уставна декларација за почитување на правото на културна автономија на малцинските етнички заедници и задржување на затекнатите уставни права, независно од пописните резултати, но истовремено бара реален попис на населението и преиспитување на територијалната организација на локалната самоуправа во согласност со волјата на граѓаните на локалните референдуми на 25 јануари и 01 февруари 2004 година, за границите на општините од 1996 година и почитување на принципот дека нема територијални решенија за етничките прашања, стои во соопштението од СМК.

СМК ги отфрла и коментарите за избирачкото право на Македонците по потекло од Република Албанија со македонско државјанство и потенцира дека Македонците по потекло надвор од територијата на Република Македонија, кои имаат и македонско државјанство, имаат неотуѓиво и неприкосновено избирачко право.

Македонските државјани, посочуваат од СМК, независно од времето на престојот во Република Македонија, самоволно го определуваат постојаното живеалиште и остварувањето на избирачкото право.

– Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2001 година македонски државјанства издаде на 15.000 Македонци по потекло од Република Албанија. Владата на СДСМ во 1994 година македонски државјанства издаде на 150.000 Албанци по потекло од Косово што трајно ја променија етничката карта на Македонија.Владите на СДСМ со прст не мрднаа за унапредувањето на положбата и правата на Македонците во Република Албанија за време на нивното владеење, а со Законот за територијалната организација на локалната самоуправа и државниот терор што го спроведоа врз Македонците и граѓаните на Македонија за референдумот на 7 ноември 2004 година, ги продадоа Струга, Кичево, Скопје и Чашка заради претседателскиот мандат на Бранко Црвенковски, стои во соопштението од СМК.

СМК меѓу другото ја потсетува јавноста и истовремено повторно го осудува СДСМ чија Влада во 2002 година го укина правото на македонско државјанство за Македонците по потекло.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Бугарија оди на седми избори во последните три години: „Ова е деструктивно“

Горан Наумовски

Подгорица оди на вонредни избори

Нацистички ловец во Франција ги советува Евреите да гласаат за екстремната десница

Горан Наумовски