Кина не пријави ниту еден смртен случај во изминатите 24 часа

Од:

За првпат откако започна пандемијата со коронавирусот, Кина не пријави ниту еден смртен случај во изминатите 24 часа.

Според Националната здравствена комисија на Кина, вкупниот број потврдени случаи на инфекција во земјата досега е 81.740, а починале 3.331 лица.

Во Кина, повеќе внимание се посветува на случаи кои доаѓаат од странство, особено на оние атипични кои немаат симптоми, но се носители на заразата.

Во Вухан, каде започна пандемијата на вирусот Ковид-19, за првпат од 23 јануари, бидејќи градот е целосно ставен во карантин, од ноќеска се укинува забраната за движење и ќе се овозможи влез и излез од градот.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски