Трета дезинфекција на зградите во Карпош

Од:

Комуналните служби на Општина Карпош ја започнаа третата акција за дезинфекција на зградите со повеќе од осум домаќинства.
Се дезинфицираат влезните врати и делови од згради на влезовите, гелендерот, сандачињата и лифтовите.

– Дезинфекцијата се врши со посебно средство наменето за чистење на јавни површини. Не е возможно хигиеничарите да бидат забележани од сите граѓани, но акцијата се спроведува етапно во сите населби, соопштуваат од Карпош.

Општината ги повикува заедниците на сопственици, куќни совети, да продолжат и со секојдневното, тековно одржување на хигиена во влезот.

– Дезинфекцијата која се врши преку локалната самоуправа е само дополнителна поддршка за спречување на ширење на коронавирусот. Сите сме одговорни за јавното здравје, велат од Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец