Земјоделците имаат потреба, но тешко доаѓаат до кредити

Од:

Недоволна информираност, хипотеки на објект или земјоделоско земјиште, нерасчистени имотно-правни односи, нереална проценка на имотот како предмет за давање под залог, долги процедури и сложена документација, се најчестите причини поради кои мал број земјоделци аплицираат за  добивање земјоделски кредити.

Како што беше речено на денешната конференција „Kредитирање во земјоделството-состојби и перспективи“, дополнителен проблем е и обезбедувањето жиранти зашто во денешно време на криза тешко некој се нафаќа на ваква услуга.

Земјоделците имаат најголема потреба од кредити за капитални инвестиции, а помалку за репроматеријали.

– Земјоделците не се одлучуваат на земање кредии и поради многу високи камати кои се движат од 12-15 отсто, краткиот грејс период, проблемите со исплатата на ратите, а сметаат и дека периодот за враќање на заемот е ралативно краток, изјави Андирја Секуловски од ФФРМ.

Според истражувањето на Федерацијата и Центарот за економски анализи (ЦЕА)спроведено на 100 испитаници, земјоделците сметаат дека за нив најповолна каматна стапка би била од 2 до 7 проценти или во просек до 4 отсто.  Сите анкетирани наведуваат дека грејс периодот што го пропишуваат банките е краток и треба да биде подолг особено во сточарството каде треба да изнесува минимум 1 до 2 години, како и во овоштарството каде е најдобро да биде повеќе од 3 години.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади