Владата ја стопираше исплатата на паушали и надоместоци

Од:

Владата денеска усвои Уредбата со која се уредува ограничување на правото на исплата на паричните паушали на извршните членови на Одборите на директори, паричните надоместоци на претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа и претседателите и членовите на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од Владата и органите на единиците на локалната власт, кои се истовремено вработени за времетраење на вонредната состојба.

-Според Уредбата, на овие лица, заклучно со декември 2020 година не им се исплаќаат парични надоместоци, како и надоместоци за патни и други материјални трошоци. Уредбата не се однесува на лица кои на денот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување, соопшти владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата

СДСМ: Цените растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите

Горан Наумовски

Владата не го чепка сопствениот луксуз, ама зема од најранливите, велат од Левица

Горан Наумовски

Митева: Кабинетот на премиерот е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

Мицкоски: Следната недела ќе бидат именувани новите министри во Владата