Благ пораст на новозаразени со коронавирусот во Кина

Од:

Кина вчера пријави 30 нови случаи на коронавирусот, 19 повеќе од претходниот ден, соопштија кинеските здравствени работници, наведувајќи дека расте бројот на локална трансмисија на вирусот, но и на случаи кои доаѓаат од странство.

Националната здравствена комисија вчера соопшти дека 25 нови случаи вклучуваат лица кои дошле од странство, додека пет случаи од локално пренесување се пријавени во провинцијата Гуангдонг.

Кина пријави вкупно 81.669 случаи на коронавирусот, при што бројот на починати се искачи на 3.329.

Иако бројот на новозаразени значително се намали во однос на врвот на епидемијата во февруари, Пекинг сè уште не успева целосно да ја запре новата инфекција и покрај најстрогите мерки за спречување на Ковид-19.

Таканаречените „увезени“ случаи, како и асимптоматските пациенти – оние кои го шират вирусот, но немаат никакви симптоми – се најголемата грижа на официјален Пекинг во последните неколку недели.

Кина ги затвори сите свои граници за речиси сите странци, но во земјата доаѓаат заразени Кинези кои се враќаат од странство.

Здравствената комисија соопшти дека вчера во Кина биле регистрирани 47 асимптоматски случаи, во споредба со 64 претходниот ден.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски