Македонските власи ги протераа странските државјани кои ноќеска го симнаа и оштетија државното знаме од јарболот во центарот на Охрид.
Основниот суд во Охрид по итна постапка на предизвикувачите на инцидентот им изрече мерка „протерување од државата“. Исто така, изречена им е и забрана за влез во Република Македонија во период од пет години, како и парична казна од илјада евра.
Инаку, инцидентот се случи рано изутринава, околу 3.30 часот, на Градскиот плоштад во Охрид. МВР првично соопшти дека инцидентот го предизвикале Холанѓани, но во текот на истрагата е утврдено дека се работи за тројца државјани на Австралија, еден на Нов Зеланд и еден Англичанец.