Дезинфекција на училишта, градинки и други објекти во Општина Бутел

Од:

Општина Бутел во изминатиот период презеде повеќе активности за заштита на здравјето на граѓаните и спречување и ширење на коронавирусот.

Од Општината информираат дека се миеле локалните улици и урбаната опрема, била извршена дезинфекција на сите училишта и градинки, направена дезинфекција на станбените објекти, детските игралишта, платоата на Трговските Центри во Живко Брајковски – Бутел 1 и во Радишани.

„Денеска комуналната служба на Општина Бутел, ги дезинфицираше просториите и дворот на Полициската Станица во Бутел, вонредна дезинфекција на Амбулантата во Бутел, Поликлиниката и Брзата Помош во Чаир. Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за чистење и дезинфекција на јавните објекти и површини“, велат од Општина Бутел.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат кражбите на бронзени бисти од гробиштата Бутел

(ВИДЕО) Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

Ливриниќ на средби со жителите на населбата Ферид Бајрам – најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Горан Наумовски

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски